Повик эа јавна расправа

Почитувани граѓани,

На седницата одржана на 20 Мај 2009 година, Советот на општината Куманово донесе Заклучок, за отпочнување на јавна расправа по Нацрт - подстратегијата за Рурален Развој на Општина Куманово во време траење од 30 дена.

Имено јавната расправа официјално отпочнува од 29 Мај 2009 година, а ќе трае до 29 Јуни 2009 година.

Во контекст на тоа се повикуваат сите заинтересирани страни да земат свое учество и своите предлози и забелешки (идеи и сугестии) ги достават до Oдделението за стратешко планирање, ЛЕР и информатичка технологија во писмена форма (допис или по email на доле наведени контакт информации) или да учествуваат на средбата (јавна расправа со сите релевантни субјекти) која се планира за 18 јуни 2009 година (четврток) со почеток во 12:00 часот во просториите на Советот на Општина Куманово - зграда на поранешен Комитет.

Контакт информации :
Општина Куманово
ул. 11 Октомври бб
1300 Куманово
Одделение за стратешко
планирање, ЛЕР и ИТ
(тел/факс: 031-475-817)
email:

превземете