Повик за јавна расправа за култура
Почитувани граѓани,
На седницата одржана на 02 Јули 2009 година, Советот на општината Куманово донесе Заклучок, за отпочнување на јавна расправа по Нацрт - Програмата за културата во Општина Куманово за период од 2009-2013 година. Јавната расправа ќе трае до 17 сепември 2009 година.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани и други субјекти да дадат придонес во јавната расправа со своите предлози и забелешки, идеи, иницијативи и мислења, а со цел локалната стратегија во културата да биде што поквалитетно утврдена во текстот на Програмата.
Своите предлози, забелешки, идеи, иницијативи и мислења заинтересираните субјекти во писмена форма (допис или по email на доле наведените контакт информации) потребно е да ги достават, запазувајќи го периодот за јавна расправа.
Контакт информации:
Општина Куманово
ул. 11 Октомври бб
1300 Куманово
Одделение за стратешко
планирање, ЛЕР и ИТ
(тел/факс: 031-475-817)
email : javna-rasprava [at] kumanovo [dot] gov [dot] mk или
Сектор за јавни установи
(тел : 031-475-832)
превземете
НАЦРТ - Програма за културата во Оптина Куманово
за период од 2009-2013.doc
НАЦРТ - Програма за културата во Оптина Куманово
за период од 2009-2013.pdf
PROGRAMIN
PËR KULTURË NË KOMUNËN E KUMANOVËS
PËR PERIUDHËN 2009 - 2013
.doc
PROGRAMIN
PËR KULTURË NË KOMUNËN E KUMANOVËS
PËR PERIUDHËN 2009 - 2013
.pdf


