Ден на дрвото во Куманово - промотивна кампања

На 09.02.2009 година во Куманово се одржа промотивна кампања на здружението на граѓани кое ја организира акцијата Ден на дрво. Градоначалникот на Општина Куманово г-дин Зоран Дамјановски беше целодневен домаќин на организираната група на познати лица од Македонија предводена од познатиот кошаркар Благоја – Буштур, Атина Бојаџи и естрадните ѕвезди Даниела Темелкова и Мартин Србиновски.
Членовите на здружението првин имаа средба со екологисти, невладини организации и граѓани од Куманово, потоа ги прими градоначалникот Дамјановски. Во 12 часот во средното економско училиште беа посадени симболично три дрвца.
Во 13-30 часот на градскиот плоштад граѓаните имаа можност да се запознаат со значењето на акцијата Ден на дрво, преку флаери и проспекти кои ги делеа пеачите Даниела Темелкова и Мартин Србиновски.


