Младите од Куманово го прославија 9 Мај, денот на Европа

Под организација на Градоначалникот на општина Куманово Г-динот Зоран Дамјановски и Советот на општината Куманово, а со поддршка на мисијата на ЕУ во Македонија, во саботата 9 Мај 2009 година се одржа хепенинг со цел прославување на најзначајниот датум на Европската Унија.
На настанот присуствуваа над 200 учесници и тоа претставници на неколку основни и средни училишта, неколку локални младински невладини организации кои исклучиво работат тековно на реализација на одредени програми финансирани од ЕУ и претставници од Инфо-точката на општина Куманово.
Целиот настан се одвиваше во забавна атмосфера со сликање, песни, музика, рецитали и интерактивно учество на граѓаните на општина Куманово кои имаа можност да добијат значаен број на пропаганден материјал, дистрибуиран од учесниците кои посебно се подготвуваа за овој настан.


